Елмас искрен: “Македонија секогаш ми е прва опција, но да беше процедурата побрза може ќе играв и за Турција“ (Видео)

Фудбалерот на Наполи и репрезентативец на Македонија, Елиф Елмас, во приказната број 3 за ФФМ ТВ раскажува за можноста која ја имал да заигра за репрезентацијата на Турција. Тој искрено говори за понудата која ја имал од славниот Фатих Терим, но вели дека Македонија е секогаш опција број еден за него.

– “Имавме контакти со турската федерација, исто така и со Фатих Терим. Искрен ќе бидам, бевме подготвени и таа опција да ја разгледаме. Имаше доста голема процедура што требаше да ја направи турската федерација, ме посакуваа многу, но прва опција за мене секогаш беше Македонија, затоа што сум роден овде, израснат сум овде, имам пријатели … Македонија ми беше прва опција, но во тој момент се уште не бев повикан во А репрезентацијата, бев дел само од У-21 репрезентацијата, а играв доста добро во македонската лига, дадов десеттина гола и десеттина асистенции и ми беше малку криво. Да беше процедурата малку побрза сега веројатно ќе бев дел од репрезентацијата на Турција.“ – рече Елиф Елмас.

Елиф Елмас вечерва ќе истра на тревникот на Националната арена “Тодор Проески“ и ќе и се спротивстави на Италија, земјата во која настапува, а која од клупата е предводена од Лучијано Спалети, тренерот со кого го освои “скудетото“ минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести