Елиф Елмас сезонава одигра 12 од 13-те дуели на Наполи во домашното првенство и во Лигата на шампиони, но ниту еднаш не беше стартер. Едноставно македонскиот репрезентативец го загуби статусот на првотимет во италијанскиот тим, а главен „виновник“ за тоа е Квича Кваратскелија.
Грузискиот репрезентативец летово дојде во Наполи и го зазема местото на Елмас. Кваратскелија игра одлично и е можеби најдобриот фудбалер на Наполи во досегашниот дел од сезоната, па и Елмас е свесен дека тешко ќе може да се избори за првотимски статус.
На социјалните мрежи Елмас испрати една интересна порака на која пишуваше „Мојата прва љубов (клупата)“, со фотографија на која Елиф поминува покрај клупата за резервни фудбалери.