Елиф Елмас веднаш по натпреварот со Велс изјави дека македонскиот тим играл тактички дисциплинирано и борбено, но, за жал, тоа за малку не донесе победа.
„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, игравме против една квалитетна репрезентација, знаеме како играат. Игравме тактички дисциплинирано, се боревме до последен момент, многу ми е жал што не победивме, да примиш таков гол во последни 30 секунди, испуштивме три големи бода, но има уште да се игра. Сега одиме дома, да се спремиме за јуни, нè чекаат два важни меча, треба да имаме ладни глави и се надевам на добри резултати“, рече Дијамантот.