Елмас ја прифати понудата на Лајпциг, но Наполи уште нема дадено одговор

Трансферот на Елиф Елмас од Наполи во Лајпциг е реалност и ќе се реализира наскоро, но италијанскиот првак со кој Дијамантот има договор до летото 2025 година уште нема дадено одговор дали ја прифаќа понудата на Црвените бикови.

Лајпциг во јануари останува без Швеѓанецот Емил Форсберг, кој заминува во МЛС-лигата во САД, па итно бараат негова замена и изборот падна на 24-годишниот македонски репрезетативец.

Елмас ги договори личните услови (договор до јуни 2028 и годишна плата од 3 милиони евра), останува само уште зелено светло да даде Наполи. Лајпциг нуди 20 милиони, плус 5 за бонуси, а Наполи за Елмас бара 30 милиони, што значи дека пет милиони го делат од премин во Бундеслигата.

Тренерот Валтер Мацари по катастрофалниот пораз во Купот на Италија, изјави дека не сака да гледа тажни и незадоволни лица во тимот и дека ако некој сака да си оди, нема да му брани.

- Оглас -

Најнови вести