Елмас како филмска ѕвезда – Влета со автомобил во кадар на „Скај спорт 24“ (Видео)

Елиф Елмас сè уште е во еуфорија по историскиот успех на Македонија и пласманот на Европското првенство идната година, а денеска беше главна ѕвезда во Неапол.

Нашиот фудбалски дијамант одлучи малку да се пошегува пред камерите и со автомобилот им влета во кадар на репортерите од „Скај спорт 24“.

https://twitter.com/barison_andrea/status/1328674574410649600?s=20

Потегот на Елмас го прифатија со многу позитивни коментари навивачите на Наполи, клуб за кој игра Елиф.

Поради повреда на бутниот мускул, нашиот најмлад член на првата постава нема да игра утре за Македонија против Ерменија во клучниот меч за пробив во Сегментот Б од Лигата на нациите.

Мечот ќе се игра на неутрален терен во Никозија од 18 часот.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести