Елмас ќе игра против Меси пред полн „Сан Паоло“, но сепак ќе биде штама

Медиумите од Чизмата потврдија дека интересот е огромен за дуелот Наполи – Барселона од осминафиналето во ЛШ. Италијанскиот вицепрвак веќе продаде 50.000 билети за тој дуел и се очекува да се достигне рекордот на посетеност од 56,695 гледачи за еден меч од европското натпреварување.

Сепак, на „Сан Паоло“ ќе биде штама бидејќи најверните тифози на Наполи потврдија дека нема да присустуваат на спектаклот поради што цените за билетите се високи за нивните стандарди. Се огласија преку соопштение:

„Безброј пати демонстриравме дека сме 12-ти играч на екипата и дека нашата поддршка е незаменлива, а како награда за тоа добиме билети кои чинат 70 евра. Како најверни поддржувачи на овој клуб се чувствуваме измамени од управата која ја интересира само профитот и уште еднаш покажаа дека немаат никаква почит кон нас. Стадионот треба да биде отворен и достапен за сите, без разлика на статусот во општеството“, пишува во соопштението.

Дуелот Наполи – Барселона е закажан за вторник (25 февруари), со почеток во стандардниот термин од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести