Елмас: Ќе играме за себе, но и за цела држава

Во пресрет на натпреварот против Грузија за пласман на Европското првенство, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вели дека сме подготвени да го оствариме најдобриот резултат во историјата на нашиот фудбал.

„Пред нас е финале, еден натпревар и многу борба. Ќе биде тежок натпревар, влогот е голем, но за ова се подготвувавме и сите заедно ќе се обидеме да го дадеме својот максимум за да успееме. Ни треба концентрација и енергија во текот на сите 90 минути. Грузија исто така има цел да биде на Европското првенство, но треба да направиме работите на теренот да зависат од нас. Оптимист сум, ова е голем меч и ќе го одиграме и за себе и за тимот, но и за целата држава. Се надевам дека ќе успееме и дека ќе се пласираме на Европско првенство“, најавува Елмас, кој, за среќа, доби дозвола од Наполи да игра на овој историски меч за Македонија.

- Оглас -

Најнови вести