Елмас ќе му биде гостин на Ристовски, Наполи доаѓа на „Алвеладе“ на пријателски меч со Спортинг

Стефан Ристовски ќе му биде гостин на Елиф Елмас во недела, на 13 септември, во пријателски меч што ќе се игра на „Жозе Алвеладе“, домот на Спортинг Лисабон.

Наполи потврди дека ќе патува за Лисабон и дека тест-мечот на двете екипи пред стартот на италијанското и португалското првенство ќе се игра.

Елмас и Ристовски играа заедно во дресот со национални обележја на Македонија завчера во Тбилиси против Грузија, а сега ќе бидат ривали на теренот на Спортинг.

Наполи и Спортинг не играле меѓу себе 31 година, а единствениот официјален двомеч досега им е во УЕФА купот во 1989 година, кога двата дуели завршија без голови, а италијанскиот тим на пенали се пласираше во шеснаесетфиналето на сега веќе преименуваниот УЕФА куп, во Лига на Европа.

И двете екипи ќе ја почнат новата сезона во домашните првенства по овој викенд што следува, а Спортинг ќе ја има премиерата во Португалија на 19 септември против Жил Висенте, додека Наполи следниот ден ќе ја почне новата авантура во Серија А со гостување кај Парма.

- Оглас -

Најнови вести