Елиф Елмас во интервју за италијанското радио „Кис Кис“ изјави дека сака со Наполи да освои титула и да испише историја, а тоа го посакуваат и неговите соиграчи, особено тие од помалите земји.
Елмас рече дека одлично се согласува со Ким Мин-јае, кој исто така од Фенербахче дојде во Наполи, па како стадоседелец во Наполи, му помага да се прилагоди.
„Го знаев Ким од претходно, добар играч е, му помагам. Многу добро момче е, по секој меч му се качувам на грб и заедно ги поздравуваме публиката и нашите семејства“, вели Елмас, кој не очекувал да биде стартер против Аталанта, а на пријатното изненадување одговори со гол за победа.
Додуша, некогаш, ама ретко, ги менуваат улогите, па Ким „го јава“ Елмас.