Елмас конечно е стартер кај Наполи, ќе ги напаѓа полицајците од Глазгов (Фото)

Елиф Елмас конечно е во почетниот состав на Наполи вечерва за дуелот во Лигата на шампионите против Глазгов ренџерс од 21 часот.

Македонскиот репрезентативец со соиграчите ќе атакува на петтата победа по ред во Лигата на шампионите, овојпат на свој терен во Неапол против популарните Полицијаци од Глазгов.

Елмас за последен пат беше стартер кај Наполи на почетокот на септември против Специја, а дури сега добива шанса кај Лучијано Спалети пак да игра од првата минута.

Наполи е веќе пласиран во нокаут-фазата, а има одлична шанса да биде и прв во  групата пред Ливерпул или Ајакс.

Во тек се два натпревари од денешната програма во петтото коло во ЛШ, Интер води со 2:0 против Викторија П’лзењ, а и Порто има идентични 2:0 на гости кај Бриж по еден час игра.

Од 21 часот покрај мечот меѓу Наполи и Глазгов ренџерс, ќе играат:

Ајакс – Ливерпул, Барселона – Баерн, Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен, Ајнтрахт Франкфурт – Олимпик Марсеј и Тотенхем против Спортинг.

 

- Оглас -

Најнови вести