Елмас креатор на акцијата по која Наполи го постигна единствениот гол доволен за победа (Видео)

Наполи денеска играше по „нотите“ на Интер. Даде еден гол кој се покажа доволен за победа над Сасуоло. Претходно, Интер со 1:0 се радуваше на триумф кај Удинезе. Нераѕурите имаат 49 бодови, а Наполи кој е третопласиран заостанува шест бодови.

Елиф Елмас беше стартер кај Наполи и еден од најзаслужните за постигнатиот гол Се играше седмата минута кога Елмас од средината на теренот тргна во напад. Потоа тој продре во шеснаесетникот, силно шутираше а гостинскиот голман ја одби топката во поле, која дојде до Станислав Лоботка, кој ја затресе мрежата на Сасуоло.

Овој погодок може да го видите ТУКА.

Елмас играше до 56, а потоа се пожали на болки во главата и мораше да биде заменет.

- Оглас -

Најнови вести