Елмас може да биде „тајното оружје“ на Наполи против Милан!

Отсуството на главниот централен напаѓач Виктор Осимен и неговата прва замена Џовани Симеоне му создаде главоболки на тренерот на Наполи, Лучано Спалети, околу составувањето на екипата и тактиката за гостувањето кај Милан од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Некои медиуми најавуваат дека меѓу стартерите може да биде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој би имал улога на „лажна деветка“. Дилемата на Спалети е дали во нападот да почне со Џакомо Распадори или да го остави на клупа и шанса да му даде на Елмас, кому не му е природна позиција да игра во шпицот на нападот.

Наводно растат шансите на Елмас, а во прилог на нашиот Дијамант му оди и тоа што има дадено гол (во декември 2021 година) за победа против Милан на „Сан Сиро“, кога средбата ја почна од првата минута.

- Оглас -

Најнови вести