11.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Елмас му честиташе на Наполи за освоената титула (Фото)

Наполи ја слави втората титула во последните три сезони во Серија А, откако во последното коло со 2:0 го победи Калјари и на крајот заврши на првото место на табелата.

Навивачите на Наполи цела ноќ славеа, многу честитки пристигнаа на адресата на овој калчолигаш, а меѓу оние кои се среќни за титулата на тимот од југот на Италија е и македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Иако Елмас моментално го носи дресот на Торино, кој е ривал на Наполи во Серија А, сепак македонскиот репрезентативец не можеше да остане рамнодушен на тоа дека Наполи е нов првак на Италија.

Пред да дојде во Торино, Елмас во Серија А настапуваше токму за Наполи и тоа цели пет сезони. Во периодот од 2019 до 2024 година Елмас играше за Наполи, а беше дел и од тимот кој во 2023 година стигна до шампионската титула во Серија А. Токму затоа, Елмас сега не пропушти шанса да го честита новото Скудето на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести