Елмас му донесе победа на Наполи во Бергамо (Видео)

Елиф Елмас е најзаслужен за победата на неговиот Наполи од 2:1 на гостувањето кај Аталанта во дуелот од 13-то коло во Серија А, постигнувајќи го вториот гол за шампионот.

Голот кој го одлучи победникот во Бергамо, Елмас го постигна во 79-та минута по асистенцијата на Виктор Осимен.

Македонскиот репрезентативец мечот го започна од клупата за резервни играчи, а новиот тренер на Наполи Валтер Мацари, во игра го внесе во 63-та минута заедно со Осимен, на местото на Политано.

Само 16 минути подоцна, токму Осимен и Елмас со одличната реакција во шеснаесетникот на Аталанта ја донесоа победата на Наполи.

Ова е втор гол на Елмас сезонава во Серија А, првиот го постигна пред 21 ден во победата над Салернитана од 2:0.

Претходно Кварацхелија во финишот од првиот дел го отвори резултатот, а Аталанта израмни преку Локман во 53-та минута. Со победата, Наполи дојде до 24 бода и се искачи на третото место, прескокнувајќи го Милан кој за нешто помалку од еден час ќе го започне својот меч од 13-то коло против Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести