Хвича Кварацхелија од Наполи стана само третиот Грузиец кој постигнал гол во италијанската Серија А, по Каха Каладзе и Леван Мхелидзе.
Наполи води со 2-1 по првото полувреме на гостувањето кај Верона, иако домашните први поведоа со 1-0 со погодок на Лазања. Пресвртот го најави Кварацхелија, а го потврди Осимен.
Инаку, меѓу стартерите на Наполи го нема Елиф Елмас. Тој е на клупа и ќе чека шанса да влезе во второто полувреме. Во средниот ред на Наполи се Лоботка, Ангуиса и Зјелински, додека офанзивното трио се Лозано, Кварацхелија и Осимен.
https://twitter.com/i/status/1559227314164187136