15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Елмас на мегдан против Барселона во осминафиналето на ЛШ

Во најинтересниот двомеч во осминафиналните дуели во Лигата на шампионите ќе играат Наполи за кого настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Барселона.

Наполи кој беше во барабанот на неносители бидејќи во групната фаза заврши на второто место зад Реал Мадрид, за противник го доби шпанскиот шампион.

Актуелниот европски вицешампион Интер во осминафиналето ќе има тешка задача, ќе игра против тимот кој го тренира неговиот поранешен фудбалер Диего Симеоне, Атлетико Мадрид.

И третиот италијански тим, Лацио доби тежок противник, германскиот шампион Баерн Минхен.

Гигантите кои беа меѓу носителите го избегнаа ПСЖ. Светците во осминафиналето ќе играат против Реал Сосиедад.

Главните фаворити за трофејот, шампионот Манчестер сити ќе игра против Копенхаген, додека Реал Мадрид го очекува двомеч против Ред Бул Лајпциг.
Првите осминафинални натпревари ќе се играат на 13/14/20/21 февруари 2024 година, а реваншите се закажани за 5/6/12/13 март идната година

Порто – Арсенал
Наполи – Барселона
ПСЖ – Реал Сосиедад
Интер – Атлетико Мадрид
ПСВ – Борусија Дортмунд
Лацио – Баерн Минхен
Копенхаген – Манчестер сити
Ред Бул Лајпциг – Реал Мадрид

 

 

- Оглас -

Најнови вести