Елмас најдобро оценет играч на Наполи во поразот од Интер

Наполи беше поразен од Интер со убедливи 0-3, а од страна на италијански медиуми и експерти најдобро оценет играч во поразениот тим е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Елмас беше стартер и на терен мина 75 минути. Во анализата за неговата игра против Интер се вели дека бил активен, имаше и шанса во третата минута, се памети неговата бомба од далечина, која голманот Јан Зомер мајсторски ја одбрани, но Елиф физички паднал, па морал да биде заменет. Доби и жолт картон, па тренерот Валтер Мацари не сакал да ризикува и го повлекол од игра.

Инаку, некаде Елмас е најдобро оценет, некаде има иста оценка како Политано, но секаде е на врвот и доби пофалби за играта. За негова несреќа, не даде гол, а Наполи беше убедливо поразен, но барем добива поголема шанса од новиот тренер.

- Оглас -

Најнови вести