Елмас: Не е важно кој ќе шутира пенали и кој ќе дава голови, важно е Македонија да победи

Фудбалската репрезентација на Македонија со 2:1 ја совлада Малта во првото коло од квалификациите за ЕП 2024, а резултатот го отвори Елиф Елмас во второто полувреме.

Фудбалерот на Наполи учествуваше и во акцијата во која Дарко Чурлинов зголеми на 2:0, и тоа само шест минути по првиот гол.

„Знаевме дека ќе биде тешко, секогаш првиот натпревар во квалификациие е тежок. Малтежаните имаат добри фудбалери, играат нивен фудбал на кој можеби ние не сме навикнати. Најбитни беа трите бода и успеавме во тоа. Не треба да ги гледаме нашите противници бидејќи и Италија и Англија се топ-ниво. Треба да се гледаме себеси и како ние изгледаме на терен. Има уште многу натпревари до крајот за математики. Секој натпревар е тежок, во јуни ни следуваат Украина и Англија, но видовте дека и денес беше тешко. Сплотени сме и самодовербата е присутна во соблекувалната. Тимскиот дух треба да биде на највисоко ниво, не е важно кој е стрелец, кој шутира пенал. Важно е само Македонија да победи“, рече Елмас.

Следен противник на Македонија во квалификациите за ЕП 2024 ќе биде Украина, а натпреварот ќе се игра на 16 јуни, на Националната арена „Тодор Проески“.

- Оглас -

Најнови вести