Елиф Елмас и Горан Пандев се Македонците кои играле за Наполи, двајцата имаат играно и во Турција, па некако природно се наметнуваат споредбите, но скромниот Елмас мисли дека уште е далеку од нивото на „батко Горан“.
„Горан имаше успеси и со Интер, и со Лацио, со Наполи, па и со Галатасарај. Горан Пандев е најголемо фудбалско име во Македонија. По неговото повлекување од репрезентацијата, не мислам дека јас сум главната надеж на нашата селекција, имаме и други одлични играчи, како Барди и Алиоски. Секогаш давам максимум за Македонија, но не можам да се споредувам со Пандев. Тој освои многу трофеи, освои сè“, изјави Елмас.