Елиф Елмас за кусо се спаси од исклучување по грубиот старт, доби само жолт картон од судијата, но по прегледувањето на спорниот момент од 46-тата минута на мечот од Купот меѓу Умраниеспор и Фенербахче, доби црвен картон.
За македонскиот репрезентативец ова е прв црвен картон откако е член на Фенербахче, а гостите со 10 играчи загубија од второлигашот во првиот меч од осминафиналето на турскиот куп.
Умраниеспор успеа да ја искористи предноста од играч повеќе и со гол во 82-рата минута победи со 1-0. Елмас сигурно нема да игра во реваншот на 24-ти јануари, но и без него Фенер е фаворит, иако има незгоден резултат од првиот меч.
Стартот за исклучување на Елмас можете да го погледнете ОВДЕ.