Елмас не заигра на „Олимпико“, Рома го избриша Наполи од трката за врвот во Серија А

Рома му го нанесе третиот овосезонски пораз на Наполи со конечни 2-1 во едното од трите италијански дербија кои ќе се играат викендов во Серија А. Елиф Елмас и во овој меч не доби шанса од Карло Анчелоти, додека неговите избраници слободно може да се откажат од трката за шампионската титула бидејќи со секое изминато коло Наполи е сè подалеку од водечките Јувентус и Интер.

Волчицата рано го отвори резултатот со погодокот на Заниоло во 19-тата минута, а само неколку минути подоцна домаќините можеа да зголемат на 2-0 преку Коларов, но српскиот бек не реализираше најстрога казна. По десетина минути во второто полувреме, судијата Роки досуди нов пенал за Рома, а овојпат го изведе Веретут и беше успешен.

Почесниот гол за Наполитанците го постигна Милик во 72-та минута, но тоа не ги мотивира гостите да избегнат пораз на „Олимпико“. Рома со денешната победа се наметна меѓу топ 4 екипите на табелата со 22 бода, Наполи претрпе пад до седмата позиција и остана на 18 бода.

https://twitter.com/gollerburda12/status/1190637008651206656

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести