Елмас нема да игра утре против Унион Берлин

Македонскиот репрезентатвен фудбалер, Елиф Елмас, нема да биде дел од тимот на Наполи на утрешното гостување кај Унион Берлин од Лигата на шампионите.

Елмас вчера тренираше, но не со остатокот од тимот, туку одделно, и уште не е спремен за враќање на терен, па италијанскиот првак утре во Берлин нема да може да смета на него.

Последниот настап на Елмас за Наполи беше пред 20 дена, кога одигра 21 минута на дербито од ЛШ против Реал Мадрид. Повредата поради која ќе отсуствува во Берлин, а го немаше ни викендов во Верона, ја здобил играјќи за репрезентацијата на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести