Фудбалската репрезентација на Македонија утре од 15 часот во Скопје против Фарски острови има цел да победи, и да си ги подобри шансите за пласман во бараж за Светското првенство 2026 преку Лигата на нации.
Првото место во групата и преселбата во повисок ранг се обезбедени, Македонија во наредниот циклус ќе игра во поквалитетната Лига Бм каде засега освен нашата селекција, сигурна е само Швајцарија.
Избраниците на Благоја Милевски тренираат на Националната арена „Тодор Проески“, а во тимот го нема само Елиф Елмас кој се повреди против Летонија, нема да игра утре, и победата против Фарски острови ќе треба да се брка без Дијамантот.