Елмас од клупата го следеше поразот на Наполи од Лацио (Видео)

Во дербито на третото коло во Серија А, шампионот Наполи на својот „Диего Марадона“ стадион е поразен од Лацио со 1:2.

Ова е прв кикс на Наполи по двете победи во првите две кола, додека ја оствари првата победа сезонава. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, не доби шанса да игра и целиот меч го следеше од клупата за резервни играчи.

Луис Алберто во 30-та минута го отвори резултатот, но само две минути подоцна Наполи преку Пјотр Зјелински успеа да израмни. Голот на Лацио може да го погледнете на овој ЛИНК, а голот на Наполи ТУКА.

Победникот беше одлучен на стартот од второто полувреме, во 52-та минута кога Даичи Камада го совлада голманот на Наполи, Мерет. Голот на Камада може да го видите ТУКА.

Убедлива победа оствари и Аталанта која пред своите гледачи го совлада тимот на Монца со 3:0. Скамака со два гола и Едерсон го обезбедија вториот триумф сезонава за Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести