Елмас: Одигравме тактички дисциплинирано, можевме и да победиме, во Малта одиме по три бода

Елиф Елмас кој игра во италијанската Серија А, добро знае против каков противник Македонија играше вечерва и против кого освои голем бод. Елмас смета дека промената во играта во второто полувреме на нашата селекција донела резултат.

„Одигравме тактички дисциплинирано, знаевме што се бара од нас. Во првото полувреме немавме многу напади, моравме да излеземе погоре, да се надигруваме со противникот. Излеговме на висок пресинг, играч на играч, треба да имаш доста страст и желба за победа, и видовте дека се смени играта, почнавме да напаѓаме, повеќе ја имавме топката и голот што ни требаше си дојде. Заслужуваме почит како игравме. Мечот беше тежок, на многу лош терен, реално вакви услови не се дозволени во Европа. Сега да гледаме да се спремиме психички за мечот со Малта кој ни е исклучително важен. Мора да изгинеме на терен и да освоиме три бода“ – изјави Елмас.

- Оглас -

Најнови вести