Македонскиот фудбалер Елиф Елмас, го постигна решавачкиот и победнички гол за Наполи на гостувањето кај Аталанта на третата годишнина од смртта на Диего Марадона, а рече дека е задоволен од работата со новиот тренер Валтер Мацари.
„Го сменивме тренерот, а победивме на тешко гостување против силен тим како Атланта. Беше многу важно да победиме. Последниве денови покажавме заедништво, и тоа го покажавме на терен. Мацари многу ни помогна со некои работи. Одлично работевме деновиве, и убаво е што после подолго време дадов гол“ – рече Елмас.
Што се однесува до голот, Дијамантот му се заблагодари и на Виктор Осимен.
„Ова е и гол на Виктор истотака, не само мој. Не секој би ја додал топката во ситуацијата во која се најде Виктор, многумина би шутирале. Треба да размислуваме за натпревар по натпревар, да тренираме, и да бидеме подобри како одминува времето. Ќе видиме дали може да се бориме за титулата. Срцето кое го покажував кон камерата беше за навивачите, сите ги сакам“ – објасни Елмас.
https://twitter.com/i/status/1728491775277355404