Елиф Елмас го одработи последниот тренинг и се најде на листата на патници на Наполи на гостувањето кај Унион Берлин.
Македонскиот репрезентативец имал ситна повреда која ја здобил играјќи за националниот тим, па затоа неизвесно беше дали воопшто ќе оди со тимот на овој дуел од Лигата на шампионите.
Елмас не е најавен како стартер, но не е исклучено да влезе во игра доколку тренерот Руди Гарсија процени дека Дијамантот е спремен и може да помогне.