Елмас пак е на клупа кај Наполи во битката за прво место со Ливерпул (Фото)

Елиф Елмас повторно е резерва на Наполи за дербито против Ливерпул на „Енфилд роуд“ вечерва во Лигата на шампионите.

Македонскиот репрезентативец беше стартер во минатата рунда против Глазгов ренџерс, кога Наполитанците славеа со 3:0 и тоа му беше првиот и единствен старт сезонава во Лигата на шампионите за Наполи.

Наполитанците треба да не загубат со четири или повеќе гола разлика ако сакаат да бидат победници во групата А.

Вечерва од 21 часот се играат и дуелите меѓу Баерн и Интер, Викторија П’лзењ и Барселона, Марсеј – Тотенхем, Глазгов ренџерс – Ајакс и Спортинг – Ајнтрахт Франкфурт.

Во тек се дуелите меѓу Порто и Атлетико Мадрид, каде што домаќините водат со 2:0 по еден час игра и Баер Леверкузен и Бриж, каде што е без голови по 60 минути игра.

- Оглас -

Најнови вести