Елмас поради повреда не беше во составот, Лајпциг немаше милост за Аугсбург (Видео)

Фудбалерите на Лајпциг немаа милост за Аугсбург и го победија со убедливи 4-0 за искачување на втората позиција во Бундес лигата. Во составот на „биковите“ го немаше Елиф Елмас, кој според првичните информации е повреден.

Бенџамин Шешко со два гола во 11-тата и 15-тата минута најави кој ќе биде победник на овој меч, а убедливата победа на Лајпциг ја потврдија Опенда во 46-тата и Симонс во 57-мата минута.

Единствениот дуел кој заврши нерешено во пладневните мечеви од Бундес лигата беше оној помеѓу Волфсбург и Штутгарт, додека значајни победи забележаа Ст. Паули, Хајденхајм и Борусија Менхенгладбах.

Резултати:

Борусија Менхенгладбах – Унион Берлин 1-0
Фрајбург – Ст. Паули 0-3
Мајнц – Хајденхајм 0-2
Лајпциг – Аугсбург 4-0
Волфсбург – Штутгарт 2-2

- Оглас -

Најнови вести