Елмас посилен од корона-вирусот!

Елиф Елмас повеќе нема корона-вирус, потврдија резултатите од последното тестирање во Наполи денес. Од клубот објавија дека сите членови на првиот тим и стручниот штаб се тестирани и негативни, што се добри вести за младата македонска ѕвезда.

Елмас заедно со Пјотр Зјелински беа двајцата заразени играчи на Наполи кои се заразија по дуелот против Џенова, по што настана мини-кластер и во редовите на клубот од Горан Пандев со речиси 20 заразени членови. Елмас поради тоа изостана од клучниот меч на Македонија против Косово, како и во Лигата на нациите против Естонија и Грузија.

Сепак, добро е што Елмас го надмина вирусот, па наскоро ќе може да му се стави на располагање на Џенаро Гатузо. Инаку целиот тим на Наполи беше во карантин извесно време, додека не се стави под контрола ситуацијата со ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести