Фудбалерите на Ред Бул Лајпциг, по три порази по ред, ја остварија првата победа во Бундеслигата во 2024 година откако со убедливи 2:0 го совладаа Унион Берлин.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, кој во Лајпциг пристигна во зимскиот преоден рок, повторно мечот на својот тим го започна од клупата за резервни играчи и повторно доби шанса да игра неколку минути.
Елмас во игра влезе во финишот, во 77-та минута на местото на Дани Олмо. Претходно, Елмас на дебито за германскиот тим против Ајнтрахт влезе во игра во 88-та минута, против Баер Леверкузен влезе во 84-та минута, а минатата недела во дуелот против Штутгарт, исто така влезе во игра во 77-та минута.
Ред Бул Лајпциг победата на најави уште во 11-та минута кога Луис Опенда го отвори резултатот. Голот на Опенда може да го погледнете ТУКА.
На стартот од второто полувреме, Бенјамин Шешко зголеми на 2:0, а девет минути подоцна словенечкиот репрезентативец постигна уште еден гол, но беше поништен поради офсајд.
Доколку овој гол беше признат, тогаш сигурно ќе ја имаше најубавата асистенција бидејќи Дани Олмо на ефектен начин ја нафрли топката во шеснаесетникот на гостите.
https://twitter.com/RBLeipzig_EN/status/1754201294967828687
Со оваа победа, Ред Бул Лајпциг дојде до 36 бода и сега има само еден помалку од четвртопласираната Борусија Дортмунд, а четири од третиот Штутгарт.