Елмас повторно е позитивен на ковид-19

Елиф Елмас е позитивен на вирусот ковид-19, соопштија од неговиот тим Наполи. За македонскиот репрезентативец, ова е второ заразување со вирусот, но овојпат тоа е асимптоматски.

Првиот пат беше заразен во октомври 2020 година.

„Елиф Елмас е позитивен на тестот којшто го направи во Македонија на денот кога требаше да се врати во Италија. Тој е вакциниран и неговиот случај е асимптоматски, но ќе мора да седи во карантин“, се вели во соопштението на Наполи.

Репрезентативецот ќе биде тестиран уште неколку пати во наредните денови, а од тимот се надеваат дека тестовите ќе бидат негативни и Елиф ќе се приклучи на тимот во подготовките.

Наполи во првото коло од новата година ќе игра против Јувентус на шести јануари.

- Оглас -

Најнови вести