Елмас повторно резерва кај Наполи, Камавинга го прифати ултиматумот на Анчелоти

Објавени се почетните состави за дербито од Лигата на шампионите, Наполи – Реал Мадрид, а како што и се очекуваше, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе биде меѓу резервите и ќе чека шанса во текот на мечот да влезе во игра.

Нема големи изненадувања во составите со кои тренерите Руди Гарсија и Карло Анчелоти ќе го почнат надмудрувањето на стадионот „Диего Марадона“ во Неапол, а кај гостите најинтересно е што Лука Модриќ повторно е на клупата, додека како лев бек почнува плејмејкерот Едуардо Камавинга.

Во Реал има двајца леви бекови на кои тоа им е природна позиција, Ферлан Менди и Фран Гарсија, но Анчелоти ги остави меѓу резервите, има поголема доверба на тоа место во Камавинга, кој одигра одлично како бек викендов против Жирона.

Французинот јавно кажува дека не сака да игра како лев бек, туку во средниот ред, но Анчелоти му рекол дека ако не сака да игра како лев бек, ќе седи на клупата за резерви. Камавинга одлучил да биде меѓу стартерите и поважно му е да игра отколку на кое место ќе игра.

- Оглас -

Најнови вести