Македонскиот фудбалер Елис Елмас, кој игра за турски Фенербахче, летово е во центарот на вниманието на турските медиуми поради бројните шпекулации околу неговото име и потенцијалните трансфери, а сега навлегоа и во неговиот љубовен живот.
Девојка која се вика Мелиса Дишисаглам, објави порака од Елмас, кој ѝ праќал срциња на Инстаграм и ѝ напишал: Како си?
Откако во големата Турција сите ги виделе пораките, веројатно љубопитноста била огромна и сите ги интересирало дали Мелиса и Елиф се во врска, па девојката го избриша својот профил. Мелиса не е позната за турската јавност, но може да се забележи дека личи на американската актерка Анџелина Џоли, а и секако ѝ годи интересот за неа од фудбалер кој наскоро би можел да заработува милиони евра и да игра во некоја во најсилните лиги во Европа.