Елмас против Рома го затвора новото коло на Спортска прогноза, ќе треба да се внимава на едно дерби

Натпреварите од новото, 31-во коло на Спортска прогноза се тука и може да се започне прогнозирањето за нив, а со тоа да почне и натпреварувањето за прекрасниот „ајфон 12“.

Како што е веќе добро познато, потребно е да се сите 13 натпревари за да се добие на подарок овој одличен телефон, додека тие што имаат една, односно две утки, ќе добијат ваучер од Sport Life во вредност од 1.000, односно 500 денари.

Најинтересна ќе биде средбата меѓу Манчестер сити и Ливерпул, овојпат во полуфиналето од ФА купот. Вреди да се потенцира дека доколку средбата отиде во продолженија, валиден ќе се смета исходот од 90-те минути.

Тука è и дербито во Шпанија меѓу Севилја и Реал Мадрид, а колото се затвора во понеделник, исто така со дерби-меч.

Наполи со Елиф Елмас ќе ја пречека Рома во битката на некогашните прваци во Серија А, а овој меч наголемо може да ја одреди и судбината на двата тима.

За учество во оваа бесплатна игра во режија на Спорт Манија и Sport Life потребно е да имате SL картичка, за којашто исто така можете бесплатно да аплицирате во еден од уплатните објекти на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести