Голгетерската низа на Елиф Елмас во дресот на Торино продолжи откако погоди и на гостувањето кај Парма, но неговиот тим на крајот освои само еден бод, во дуелот кој заврши 2:2. Елмас беше фудбалерот кој ја отвори серијата погодоци и погоди за 1:0 за гостите во 19 минута, што беше резултат и на полувреме.
⚽️ GOAL: Eljif Elmas
🇮🇹 Parma 0-1 Torinopic.twitter.com/KH0wNyliIp— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 8, 2025
Во вториот дел Пелегрино израмни на 1:1, а потоа во 69 минута Елмас беше повлечен од игра. Парма повторно поведе со голот на Адамс во 72 минута, но Пелегрино со својот втор погодок се покажа како вистински херој на Парма и го спаси домаќинот од пораз.
На овој меч, Елмас постави и еден личен рекорд. За прв пат во кариерата, Елмас постигнува гол на три првенствени гостувања по ред, во Топ 5 лигите.
Сите голови од мечот во Парма може да ги видите ТУКА.