Елмас првиот тренинг за новиот клуб ќе го има во Шпанија

Елиф Елмас вчера и официјално беше промовиран во нов фудбалер на Лајпциг. Македонскиот репрезентативец ги помина лекарските прегледи и го стави потписот на договорот кој го обврзува во следниот период да го носи дресот на германскиот бундеслигаш.

Договорот е до 2028 година, а Елмас ќе заработува по три милиони евра по сезона. На своите нови клупски колеги Елмас ќе им се приклучи на 2 јануари кога Лајпциг ќе биде на мини подготовки во Шпанија.

Лајпциг првиот меч во 2024 година ќе го има на 13 јануари  и тоа на свој терен против Ајнтрахт Франкфурт, кога и се очекува Елмас да дебитира за својот нов клуб.

- Оглас -

Најнови вести