Елмас: Рано е за Европа, останувам во Фенер!

Елиф Елмас за турските медиуми изјави дека му годи интересот од многу клубови од западна Европа, но сака и во следната сезона да го носи дресот на турскиот клуб.

Откако се појавија информации дека Фенербахче прифатил понуда од 15 милиони евра од Фиорентина за Елмас, младиот фудбалер од средниот ред изјави дека не брза со трансфер во една од најсилните европски лиги.

„Уште не сум ги исполнил своите цели како играч на Фенербахче. Треба уште многу работи да направам како играч на Фенер. Чест ми е што тимови од цела Европа ме следат како играм, но прерано е за трансфер. Засега не размислувам да го напуштам клубот. Комплетно сум фокусиран на настапите во Фенербахче“, изјави Елмас, кој со ова ја затвора вратата за можен премин во посилно првенство, но можеби некоја супер понуда ќе го премисли.

- Оглас -

Најнови вести