Фудбалската репрезентација на Македонија ја заврши септемвриската пауза со убедлива победа од 5-0 против Лихтенштајн во квалификациите за СП 2026, пред својата публика на „Тодор Проески“.
Стрелецот на првиот гол, Елиф Елмас, по мечот истакна дека триумфот е повеќе од заслужен.
„Заслужено победивме. Знаевме колку овие три бода ни беа важни. Се надевам дека ќе продолжиме вака и во наредните натпревари, без разлика што н чекаат многу потешки предизвици. Сонуваме за пласман на Светско првенство и со ладни глави ќе продолжиме да го оствариме тоа“, рече Елмас.
„Ние го даваме максимумот не само за нашите соништа, туку и за децата кои сакаат да станат фудбалери. Тие треба да бидат инспирација за нас, а ние треба да бидеме поттик за нив. Тимот е одличен, селекторот е квалитетен, а ние играме како едно големо семејство. На вистински пат сме и се надеваме дека ќе ја израдуваме нацијата со пласман на мундијалот“, дополни членот на Наполи.
Следните предизвици за Македонија ќе бидат гостувањето во Белгија и мечот на домашен терен против Казахстан во октомврискиот прозорец.
Фото: ФФМ