Елмас се снајде со интересна асистенција, Наполи победи во последен миг за прво место во Серија А (Видео)

Елиф Елмас ги размрда редовите на Наполи и со интересна асистенција до Лоренцо Инсиње во 62-рата минута беше еден од клучните играчи за драматичната победа од 2:1 во Рим против Лацио.

Тоа беше водечкиот гол за Наполи, а вистинска драма имаше во финишот. Педро со фантастичен волеј израмни на 1:1 во 88-мата минута, а кога се чинеше дека ќе има реми во Рим, Фабијан Руиз постигна победнички гол за Наполи во 93-тата минута.

Само по пет минути откако во 57-мата минута влезе во игра, македонскиот репрезентативец на интересен начин му асистираше на Инсиње за победнички гол.

Елмас успеа некако да му ја додаде топката на соиграчот, а Лоренцо погоди за 0:1 во Рим.

https://twitter.com/wyngback/status/1498044928730951680?s=20&t=5dgujCeuDQphKBvBwbxkSw

Наполитанците сега имаат 57 бода, исто колку и Милан, а Интер е трет со 55 бода, но со меч помалку.

Трката за Скудетото станува многу интересна, а шанса имаат и Јувентус со 50 бодови и Аталанта со 44, но и два меча помалку.

 

- Оглас -

Најнови вести