31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Елмас се враќа во Наполи, зделката со Лајпциг е договорена

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно ќе го облече дресот на Наполи. Според информациите од Италија, зделката е практично завршена, а останува само формално да се детализира договорот.

По една и пол година во Германија и краток престој во Торино, македонскиот интернационалец се враќа на местото каде што ги доживеа најголемите клупски успеси, меѓу кои и титулата шампион на Италија во 2023 година.

Елмас ќе се приклучи на неаполскиот клуб како позајмен играч од Лајпциг, а во моментов се преговара Наполи целосно да ја преземе неговата плата. Сè уште не е познато дали во договорот ќе биде вметната задолжителна или откупна клаузула.

Елмас очекувано се најде на списокот на македонската репрезентација за претстојните натпревари со Саудиска Арабија и Лихтенштајн.

- Оглас -

Најнови вести