Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е пред камбек во Серија А. Италијанските медиуми најавуваат дека Торино е клубот каде што Елмас ќе игра на позајмица во вториот дел од сезоната.
Торино и Лајпциг се договориле, а и Елмас повеќе сака да се врати во Серија А отколку да го облече дресот на Валенсија и да заигра во Ла Лига.
Елиф Елмас оваа сезона не доби голема минутажа во бундеслигашот Лајпциг.

