Елмас се враќа за Португалија, а ќе треба да ги засука ракавите и за најубавата торта на плоштад

Елиф Елмас ќе биде во составот на Македонија за средбата против Португалија откако му истече суспензијата за жолти картони.

Фудбалерот на Наполи пред неколку дена вети дека ако Македонија се пласира на СП, ќе ја направи најубавата торта на плоштад.

Покрај него, за финалето во баражот се враќа и Тихомир Костадинов, кој исто така ја пропушти вчерашната средба поради жолти картони. А одличните вести за нас, како и за селекторот Благоја Милевски не застануваат тука.

Повредите на лавот Аријан Адеми и неуморниот Бобан Николов не се страшни и потребен им е само мал одмор за да бидат максимално спремни за натпреварот против Португалија.

Нашите репрезентативци околу 18 часот треба да слетаат на скопскиот аеродром.

- Оглас -

Најнови вести