Елмас: Секогаш сум среќен кога ќе им донесам радост на навивачите

Екипата на Наполи вчера со 3:2 го совлада Удинезе и сигурно чекори кон титулата во Серија А, а голем удел во триумфот имаше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Дијамантот постигна еден гол и имаше асистенција и сосема заслужено заедно со Виктор Осимен, добија највисока оценка 8, од весникот „Ил Џорнале“.

„Елмас беше најдобар на теренот, и на фантастичен начин во замени Кварацхелија, на два натпревари, даде два гола и има една асистенција. Овој натпревар покажа уште една работа, Елмас не е тип на играч што влегува и го решава натпреварот, туку на него му е потребен континуитет, да игра повеќе и против Удинезе видовте што ќе ви даде“, пишува весникот за играта на Елмас.

Елмас е презадоволен од прикажаната игра, но и од игрите и резултатите на Наполи сезонава. Наполи е лидер на табелата со 41 бод, додека Лацио и Милан имаат по 30, но и натпревар помалку.

„Рано е за да зборуваме за Скудетото затоа што до крајот на првенството треба да се одиграат уште многу натпревари. По паузата ќе имаме тешки противници како Интер и Јувентус, затоа мора добро да работиме за време на оваа пауза поради СП и во најдобра форма да го дочекаме продолжението од сезоната.

Среќен сум секогаш кога ќе донесам радост за навивачите, затоа и отидов кај нив и тоа беа прекрасни моменти. Секако задоволство е кога ќе постигнам гол. Мислам дека ривалството со Кварацкелија е одлично и за нас двајца но и за тимот, затоа што на секој натпревар се трудиме да бидеме што подобри“, изјави Елмас за италијанските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести