Елиф Елмас со гол ја започна новата сезона во италијанското првенство. Македонскиот репрезентативец даде гол за Нпаоли во 73 минута против Венеција, кога донесе радост на домашните фанови за 2:0. Елмас не беше стартер на овој меч, но мораше да ја спасува ситуацијата, откако Наполи остана со играч помалку по исклучувањето на Осимах во 23 минута.
Тренерот Спалети оцени дека во ситуација со играч помалку, во игра треба да биде Елмас и влезе на местото на Зелински во 35 минута. Со Елмас на теренот, Наполи не делуваше како да има играч помалку. По 0:0 на полувреме, Инсиње во 56 минута промаши пенал, но шест минути подоцна истиот играч беше прецизен од вториот обид, повторно од белата точка.
Сите дилеми околу победникот ги реши Елмас кој биеше одлично од 10-тина метри во 73 минута за 2:0 на Наполи на 10-тина минут до крајот.
ELMAS 2-0 pic.twitter.com/FCnNCwy9vl
— farfromvideo (@farfromvideo) August 22, 2021