Елиф Елмас со историски гол најави победа на Наполи против Спартак Москва, но забавата на домашниот тим на „Диего Армандо Марадона“ ја расипа Марио Руи со глупавиот потег за исклучување во 29-тата минута.
Наполи го претрпе првиот пораз сезонава со 2:3, а гостите од Москва направија пресврт со три гола на Промес два и на Игнатов во второто полувреме ги освоија бодовите.
Погодокот на Осимен во судиското продолжение не беше доволен за Наполи да го избегне првиот пораз во новата сезона.
Елмас се запиша во историја со гол во 11-тата секунда, најбрз во историјата на италијанските екипи во Лигата на Европа.
https://twitter.com/Calcio24Horas/status/1443620307323994113?s=20
Но, потоа во екот на потполна доминација на Наполи, Марио Руи направи непотребен груб прекршок и беше исклучен во 29-тата минута, а гостите ја искористија предноста од играч повеќе и победија.
Ова е прва победа на познатиот руски клуб против италијанска екипа во еврокуповите.
Mario Rui (Napoli) red card against Spartak Moscow 30′ from soccer
Во истата група Легија во Варшава го победи Лестер со 1:0 и е лидер со шест бода по две кола. Втор е Спартак со три бода, а главните фаворити Наполи и Лестер се последни со по еден бод.
Резултати: Наполи – Спартак 2:3, Легија – Лестер 1:0, Фенербахче – Олимпијакос 0:3, Антверпен – Ајнтрахт 0:1, Лион – Брондби 3:0, Реал Сосиедад – Монако 1:1, Спарта Прага – Глазгов ренџерс 1.0, Штурм – ПСВ Ајндховен 1:4.