Екипата на Наполи е првиот финалист во Суперкупот на Италија откако вечерва со 2:0 славеше над Милан, во меч кој се играше во Ријад. Во финалето, Наполи ќе го чека подобриот од утрешниот меч меѓу Интер и Болоња.
Во стартниот тим на Наполи беше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој одигра добро, имаше и неколку шутеви кон противничкиот гол. Елмас на теренот остана до 77-мата минута, кога беше заменет, а Наполи во тие моменти веќе имаше комотно водство од 2:0 кое го задржа до крајот на средбата.
Наполитанците поведоа со голот на Давид Нерес во 39-тата минута. По додавање на Хојлунд, на Нерес му остана полесниот дел од задачата, а тоа е да погоди во празната мрежа само од неколку метри. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Во второто полувреме, Милан само потврди дека нема сила да парира на Наполи, па наместо да се обидат да израмнат, Росонерите примија втор гол. Се играше 63-тата минута кога Хојлуд одлично се снајде и од тешка ситуација биеше, матирајќи го голманот на Милан. Вториот погодок на Наполи може да го видите ТУКА.

