Елмас со Наполи испишува историја

Наполи со гол во финишот на мечот го победи Торино, и тоа благодарение на најнеобичната асистенција која ја имал Елиф Елмас во кариерата. Елмас со грб блокираше една топка што гостите сакаа да ја исфрлат од својот шеснанесетник, а таа заврши во петерецот, каде што Виктор Осимен погоди со глава.

 

Со оваа победа Наполи ја продолжи перфектната низа од осум победи во осум натпревари и го израмни најдобриот старт во клупската историја. Освен Наполи, ниту еден друг тим во Топ 5 лигите во Европа нема перфектен биланс. Пари Сен Жермен има девет победи, но од 10 меча, Челзи има и пораз и реми во осум дуели, иско како и Баерн во Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести