Елмас: Спалети има доверба во мене!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елис Елмас, кој со гол ја потврди победата на Наполи од 2-0 против Венеција на стартот на Серија А, пос мечот даде изјава во која истакна дека е среќен што тренерот Лучано Спалети има доверба во неговите можности.

„Беше тешко да се игра со десетмина играчи, но навивачите беа неверојатни и ни помагаа со неверојатен жар. Се надеваме дека ќе продолжиме да играме пред полни трибини. Инсиње е капитен и за мене, вистински лидер на нашиот тим, и тоа не само на терен, тој е вистински шампион. Среќен сум што дадов гол и што освоивме три бода. Тренерот Спалети зборува добро за мене, среќен сум, се надевам дека ќе ми помогне да станам уште подобар. Знам дека треба да се докажувам на терен, но убаво е кога некој ми дава самодоверба. Ова е важна сезона за мене, се надевам дека ќе играм повеќе и подобро“, изјави Елмас.

- Оглас -

Најнови вести