Елмас стартер, Наполи рутинирано против Сампдорија

Наполи рутинирано ја совлада Сампдорија со 2-0 во мечот кој значеше прв настап на македонскиот бисер Елиф Елмас во стартните 11. Избраниците на Карло Анчелоти беа предводени од расположениот Дрис Мертенс, а неговите два погодоци ги осигураа потребните бодови за враќање на позитивниот морал во редовите на италијанскиот првак.

Елмас беше одличен на средината на теренот сè до неговото излегување од игра во 76-тата минута, кога на негово место заигра Инсиње. Мертенс головите ги постигна во 13-тата и 67-та минута, нанесувајќи го третиот последователен пораз на тимот од Џенова.

 

- Оглас -

Најнови вести